Голем број граѓани утрово чекаат пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје да си ги земат ваучерите за инвертери кои ги доделува Министерството за енергетика. Ваучерите можат да се подигнат денеска од 9 до 17 часот, а редиците се долги и покрај тоа што од министерството информираа дека оние граѓани кои денеска нема да успеат да стигнат, тоа ќе можат да го направат до крајот на ноември.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска се надева дека инвертерите за кои министерството дава до 30.000 денари субвенција, ќе бидат инсталирани во домовите на граѓаните кои ја добиле поддршката, но нема начин како тоа да се санкционира.
Таму, од утрово има редици граѓани кои чекаат да потпишат договор за да го подигнат ваучерот.
Токму тоа потпишување договор е причината зошто ваучерите не беа доставени по пошта, затоа што смета министерката, ќе требаше многу време да се достават, а потоа договорите да се вратат потпишани во министерството.
Таа додаде дека граѓаните не мора денеска, во работен ден, да чекаат повеќе часови пред салата, затоа што во следните 24 дена имаат време да ги подигнат од Министерството за енергетика, рударство и миниерални суровини.
Нема ограничувањеза тоа кога ќе бидат инсталирани купените инвертери, а единствен услов за да се искористат доделените пари, е тие да бидат купени до 30 ноември.
Извор: „mkd.mk“