Дрва, пелети или инвертер? Граѓаните се соочуваат со огромни финансиски потешкотии секогаш кога ќе дојде на ред грејната сезона, која започнува на 15 октомври и трае се до 15 април. Причина за тоа се скапите варијанти кои граѓаните ги имаат за греење, без разлика дали тие се греат на дрва, клима уреди или пелети.
ММС истражуваше кои се најевтините варијанти за греење, односно која од можностите што ги има за греење најмалку ќе го испразни џебот на граѓаните.
„Еден кубик прва класа даб дрво чини 4.300 денари, а буката чини 4.000 денари по кубик. Може да се набави и втора класа која чини 3.400 денари по кубик и за двата вида на огревно дрво. За достава и растоварање не наплаќаме, така што граѓаните нема да имаат дополнителни трошоци“, велат од едно приватно стовариште за дрва во Радовиш, од каде додадоа дека за разлика од претходната сезона, цената на огревните дрва по кубик е намалена за 200 денари.
Со оглед на примања кои граѓаните генерално ги имаат во државата, многумина сметаат дека ваквите цени за огревно дрво се прескапи за нашиот стандард. Но, најголема замерка за ваквите високи цени имаат пензионерите.
ММС разговараше со дел од членови на Здружението на пензионери во Штип. Според пензионерите во оваа општина, цената на огревното дрво треба да биде пониска.
„Пензионерите се ранлива категорија на граѓани која има ограничени финансиски средства. На пензионерите им треба помош. Тоа се лица кои очекуваат да имаат огревно дрво во текот на целиот зимски период. Токму високите цени на огревните дрва ги спречуваат тие зимата да ја поминат топло во својот дом. Тие се стари луѓе кои очекуваат постојано да биде топло во нивните домови.“, велат тие.
Според пензионерите од ова Здружение, на годишно ниво тие издвојуваат над 22.000 денари за да набават огревни дрва.
„Апелираме до Јавното Претпријатие Национални шуми пензионерите да ги стави во посебна категорија каде дрвата би биле со пониска цена за нив со што би биле заштитени од високите цени на огревните дрва. Според нашите разговори со пензионерите, секој од нив очекува еден кубик огревно дрво да чини под 4.000 денари“, појаснуваат од Здружението на пензионери.
Но, ако се прави споредба помеѓу греењето со инвертор, дрва или пелети, сепак, се чини дека најекономично е греењето со клима уреди. Потрошувачите на клима уредите во просек издвојуваат околу од 4.000 до 5.000 илјади денари месечно, со тоа што кај одредени потрошувачи сметките за струја можат да бидат доста повисоки.
Користењето на клима уредите има и друга придобивка каде тие едноставно само се монтираат и користат, за разлика од дрвата и пелетите каде се наметнуваат многу повеќе обврски.
Ако се греете со дрва и трошите барем два кубици месечно, ќе издвојувате барем 8.000 денари месечно. Што се однесува до пелетите, пресметките се дека ќе трошите минимум 6.000 денари месечно во текот на грејната сезона.
Се смета дека повеќе од 120.000 домаќинства во земјава се греат на дрво, а остатокот на друг вид греење. Воедно, речиси 9% се греат на пелети или брикети.
Поради субвенциите, последните години голем дел од граѓаните од дрво или нафта се префрлија на пелети или на инвертери. Околу 60.000 домаќинства и тоа само во Скопје се греат на парно, а остатокот се греат на електрична енергија.