Сите знаеме дека пеперутките живеат многу кратко, а најечсто се вели дека нивниот животен век е „долг“ само еден ден. Но, дали е тоа вистина?
Некои експерти и познавачи на животниот циклус на пеперутките велат дека тоа е вистина и дека тие живеат еден ден, но и дека постојат видови кои можат да живеат и многу подолго од тоа.
Пеперутките за некои се најубави инсекти, а познати се по своите шари и магично тело, но и по тоа што се многу нежни.
Со оглед на тоа дека не живеат сите пеперутки само еден ден – постојат некои услови од кои зависи колку тие ќе живеат.
Еден од најважните фактори е големината и видот на пепрути, но и каде живеат, во кој период од годината стануваат возразни единки и слично.
Должината на животот на пеперутката е во сооднос со неговата големина – што поголема пепрутка (односно вид на пеперутка) толку поголеми шанси да живеат повеќе од еден ден.
Уште еден многу важен фактор кој ја одредува должината на животот на пеперутката е и климата која во голема мерка влијае, со оглед на тоа дека тие се ладнокрвни животни.
Некои видови пеперутни живеат ден или два, додека на пример постојат и видови, како пеперутката монарх чии претставници можат да живеат и до 12 месеци, односно година дена.
Сепак, просечниот живот е две недели.