Првата работа која треба да ја направите е да ја зголемите температурата. Без разлика на кој климатизер тип имате, вклучете го до крај и малку зголемете ги вентилаторите
Кога надвор има ниски температури, возачите сакаат што побрзо да го загреат својот автомобил. Експертите за автомобили објаснуваат како да го направите тоа на најефикасен начин.
„Првата работа која треба да ја направите е да ја зголемите температурата. Без разлика на кој климатизер тип имате, вклучете го до крај и малку зголемете ги вентилаторите“, вели експертот.
Потоа тој наведува што е следното што треба да направите:
„Притиснете го копчето за рециркулација на воздухот.
Тој објасни дека така ќе ги затворите вентилационите отвори надвор од автомобилот и ќе ја активирате рециркулацијата на воздухот што е во автомобилот.
Исто така станува сè потопло при секое поминување на воздухот кој така побрзо се загрева.
Во спротивно, ако рециркулацијата на воздухот е исклучена, во автомобилот ќе влегува ладен воздух и брзото загревање ќе стане невозможна мисија.
„Обична заблуда е дека климатизерот е само за топло време. Климатизацијата ја кондиционира воздушната маса, без разлика на температурата“, велат експертите.