Дебар се на врвот со опфатеност на децата со вакцинација, според најновата евиденција, а тоа го потврдуваат од службата за имунизација при здравствен дом,
Малиот град од реканскиот крај може да се земе како пример и за поголемите градови,како што се Скопје, Тетово, Гостивар.
- Високиот процент на реализација на задолжителната вакцинација не е само последица на ангажираноста на вработените во нашата служба, туку и на високото ниво на здравствена култура кај граѓаните, кои навистина се грижат за здравјето на своите деца. Тие секогаш навремено, што се гледа и од процентот, се јавуваат за вакцинација на нивните деца, додаваат од таму.
Проблеми нема и кога станува збор за ХПВ вакцината што ги заштитува од канцер на грлото на матката.