Живееме во свет што постојано се менува. Се менуваат преференциите на потрошувачите, потребите на вработените и внатрешните бизнис процеси, а само компаниите кои се способни вистински да одговорат на тие промени можат да опстанат во денешното турбулентно окружување.
DS Smith, како водечка европска компанија за производство на амбалажа, е свесна за важноста на своите цели па токму затоа денес, заедно со своите вработени, ја претстави својата најнова цел под мотото “Ја редефинираме амбалажата за потребите на светот што се менува“.
Имено, новата цел е поврзана со четири клучни аспекти:
- Развој на вистинските стратегии;
- Размислуваме поразлично;
- Заедно сме иновативни; и
- Одржливоста има централно место.
Новата цел ќе допринесе за поголема ангажираност на вработените, привлекување на таленти и млади луѓе кои што сакаат да работат во компанија која прави разлика, и секако, задоволни клиенти до кој се испорачуваат иновативните решенија“, - изјави Олгица Кржева, генерален директор на DS Smith во Македонија.
Целиот тим на DS Smith денеска имаше можност да помине заедничко време со своите колеги, каде фокусот беше претставување на целта на DS Smith: Ја редефинираме амбалажата за потребите на светот што се менува.
Заинтересирани сте за работа во DS Smith?