Во јануари идната година во Хрватска ќе започне правната процедура за враќање на задолжителниот воен рок, а првите повици на регрути се очекуваат кон средината на 2025 година, соопшти денеска хрватското Министерство за одбрана.
„Министерството за одбрана подготви законски предлози со кои се регулира основната воена обука, како и други прашања поврзани со спроведувањето на воениот рок“, пишува порталот Индекс.
Ресорниот министер Иван Анушиќ во септември изјави дека регрутите ќе бидат сместени на три локации.
„Потенцијалот е меѓу 17 и 18 илјади млади луѓе кои секоја година наполнуваат 18 години и кои се наши идни кандидати за основна воена обука“, рече тој тогаш за време на обиколката на касарната во Бјеловар.
Извор: denar.mk