Ако се прашувате како платите во вашата земја се споредуваат со останатите во ЕУ, одговорот зависи од неколку фактори, како што се номиналните плати и стандардите за куповна моќ (ППС).
Според Евростат за 2023 година, просечната годишна бруто плата во ЕУ изнесува 37.863 евра. Луксембург (81.064 евра), Данска (67.604 евра) и Ирска (58.679 евра) се на врвот, додека Бугарија (13.503 евра) и Унгарија (16.895 евра) се на дното.
Кога се зема предвид стандардот за куповна моќ (ППС), разликите стануваат помали. На пример, највисоката номинална плата е шест пати поголема од најниската, но со ППС овој однос се намалува на 2,5 пати.
Во 2023 година, највисоки плати приспособени за ППС имаше Луксембург (53.745 PPS), додека Грција имаше најниска вредност (20.525 PPS).
Трендови од 2022 до 2023 година:
Просечните плати во ЕУ се зголемија за 6% или 2.225 евра. Луксембург, Белгија и Ирска имаа највисок номинален раст на платите, додека Шведска забележа пад од 4% поради девалвацијата на валутата.
Највисок процентуален раст на платите е забележан во Романија, Унгарија, Полска, Летонија и Хрватска, со зголемување над 15%.
Работно време и стандард за живот:
Во 2023 година, 17% од вработените во ЕУ работеа со скратено работно време, а Германија и Холандија имаа највисоки стапки од 29% и 39%. Евростат го користи индикаторот „просечна приспособена плата за полно работно време“ за да покаже колку платата е доволна за пристоен живот.
Извор: faktor.mk