
Советниците на градското собрание на Белград донесоа одлука за замена на постојните тролејбуски линии со електрични автобуски линии.
Се додава дека многу линии се во лоша состојба, со застарени столбови и жици кои со години не се обновуваат, што предизвикува чести технички проблеми и го забавува и отежнува секојдневното функционирање на системот, а возниот парк е стар и неефикасен.
Како што се наведува, белградското градско сообраќајно претпријатие располага со 92 тролејбуси чија просечна старост е над 15 години, а последната набавка е направена пред 13 години.
Замената на тролејбуските линии со електрични автобуски линии би претставувала значајна промена во системот на јавен транспорт, чија цел е да се подобри ефикасноста, да се намалат трошоците и да се приспособат на сегашните еколошки стандарди. Како што е наведено, електричните автобуси ќе ги заменат постојните тролејбуски линии, но со поголем фокус на флексибилноста и ефикасноста.
Се додава дека електричните автобуси се генерално поевтини за одржување од тролејбусите, бидејќи имаат помалку подвижни делови и не зависат од напонската мрежа.
Извор: nezavisen.mk