Официјалните одбори за доделување на Оскарите ја следат ситуацијата со пожарите во Лос Анџелес додека се наближуваат Оскарите, закажани за 3 март. Мирор пишува дека Оскарите би можеле да бидат откажани за првпат во својата 96-годишна историја поради пожарот.
Лос Анџелес е уништен од шумските пожари што се шират низ градот, а илјадници луѓе ги загубија своите домови и бизниси.
Според извештаите, постојат индиции дека церемонијата на Оскарите може да даде лош пример доколку се одржи.
Номинациите за овогодинешните награди веќе се одложени. Академијата за филмски уметности и науки изрази загриженост за „многу“ членови погодени од пожарите, особено во областа Пацифик Палисадес каде бројни познати личности ги загубија своите домови.
Објавувањето на номинациите за 96-тото доделување на Оскарите е одложено од 17-ти јануари на 19-ти јануари. Продолжен е и периодот на гласање. Оскарите оваа година треба да се одржат на 3 март.
„Главната грижа на одборот во овој момент е да не изгледаат како да слават додека многу луѓе во Лос Анџелес се соочуваат со скршено срце и незамислива загуба“, изјавил извор за Sun, додавајќи:
„Дури и да се изгаснат пожарите во следните седум дена, реалноста ќе биде дека градот и неговите граѓани сепак ќе ги трпат последиците и ќе мора да се справуваат со таа болка со месеци. Затоа, хиерархијата одлучи дека фокусот ќе биде за поддршка и прибирање средства кога ќе се појават вистинските можности.“
Повеќе од 200.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, додека на 88.000 им беше наредено да се евакуираат.
Извор: kurir.mk