Откако ќе ги свариме шпагетите сите ние ја фрламе водата притоа незнаејќи дека со тоа правиме голема грешка. Таа вода може да се употреби на многу други начини, бидејќи истата е исполнета со сол и остатоци од скроб од тестенините што се вареле претходно.
Големите мајстори оваа вода ја нарекуваат "златна течност" и ја користат за правење на најразлични специјалитети. Па така, наместо да ги исцедите тестенините во мијалникот, извадете ги со помош на виљушка и зачувајте ја оваа славна течност. Искористете ја за да ги направите вашите сосови погусти, побогати и повкусни.
Овој начин е совршено искористување на водата и вооедно подобрување на вашите кулинарски вештини. Направете го тоа и можеби ќе им станете конкуренција на некои од најголемите италијански шефови.