Безбедноста на нашите податоци е неизоставен дел од активноста на потрошувачите на Интернет, но исто така станува се поголем проблем за нашата безбедност онлајн. Многу луѓе продолжуваат да ја игнорираат ситуацијата и да не користат софистицирани лозинки за нивните сметки, што ги прави лесна жртва на хакери. Експертот за безбедност, Трој Хант, креаторот на веб-страницата Have I Been Pwned, дојде до база на податоци со над 773 милиони хакирани сметки.
Според неговите информации, оваа колекција на компромитирани сметки е позната како „Collection No.1“ и се шири на популарните хакерски форуми. Името е веројатно индикација дека нови бази на податоци со доверливи информации ќе бидат објавени и во иднина. Трој Хант внимателно ги анализирал достапните податоци и тврди дека над 23 милиони уникатни лозинки се погодени, пренесе „DigitalTrends“. Колекцијата била собирана помеѓу 2008 година и 2015 година, а големината надминува 87GB.
За да проверите дали вашата мејл адреса е во базата на податоци, морате да ја посетите страницата „Have I Been Pwned“. Независко од тоа, може да биде добра опција да почнете со користење на менаџер за лозинки. Овој тип на програма е доста популарен и нуди дополнително ниво на заштита за вашите сметки. Во исто време, менаџерите со лозинка се поддржани од водечки оперативни системи, што ќе го олесни синхронизирањето помеѓу сите ваши уреди.
извор: lokalno.mk