Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар донесе низа препораки кои основните општински училишта имаат прифатено да ги спроведуваат со цел зголемување на безбедноста на учениците и подобрување на образовниот процес во центарските училишта.
„Сите основни училишта на територија на општината прифатија да се забрани користење на мобилните телефони од почеток до крај на наставата, а носењето на втор мобилен телефон да биде одземен и вратен на родителот. Со оглед на случувањата во последниот период кои резултираат со повреди на самите ученици, односно имитирање на апликации како Tik Tok и други, да се подигне безбедноста во училиштето на повисоко ниво“, вели Герасимовски.
Општина Центар ќе продолжи да работи на подобрување на условите за едукација и воспитување на младите, обезбедувајќи балансирано и здраво опкружување за нивниот развој“, посочи Герасимовски.
Извор: nezavisen.mk