Во април 2024 година, авиокомпанијата Емирати стана пионер во авио-индустријата како прва авиокомпанија во светот која го доби сертификатот „Certified Autism Center“ (CAC). Овој сертификат, доделен на сите зони за пријавување на Меѓународниот аеродром во Дубаи, претставува значаен чекор кон поинклузивен и посензитивен пристап кон патниците со посебни потреби, особено кон оние со нарушување од спектарот на аутизам (АСН).
Како дел од оваа визија, компанијата започна амбициозен програм за обука на своите вработени. До 2025 година, се планира над 30.000 вработени да завршат специјализирани курсеви за аутизам и сензорна осетливост. Целта е вработените подобро да ги разберат потребите на патниците со аутизам и да понудат поддршка која ќе го намали стресот за време на патувањето.
Дополнително, воведуваат иновации за да го направи патувањето попријатно за патниците со аутизам. Меѓу нив се дигитални сензорни водичи кои им овозможуваат на патниците и нивните семејства однапред да го планираат секој чекор од патувањето, како и специјализирани производи и услуги за намалување на сензорното оптоварување, како што се бучава и метеж.
Стратегија за инклузија
Оваа иницијатива е дел од поширокиот план на Дубаи да стане најдостапна дестинација за патници со различни потреби. Преку партнерства со организации специјализирани за аутизам, како Autism Double-Checked и IBCCES, Emirates придонесува кон глобалниот напор за поинклузивни патувања.
Значењето на сертификатот
Добиениот сертификат „Certified Autism Center“ симболизира препознавање на различноста на патниците и посветеност кон нивната добросостојба. Практично, тоа значи дека патниците со аутизам ќе имаат пристап до поддршка и ресурси кои ќе го направат нивното патување побезбедно и попријатно.
Иницијативата на Emirates поставува нови стандарди во авио-индустријата. Овој пример би можел да поттикне и други авиокомпании да воведат слични програми за инклузија, унапредувајќи го глобалното искуство во патувањата. Со оваа иницијатива, Emirates покажува дека инклузијата не е само морална обврска, туку и стратешки чекор кон подобро корисничко искуство за сите патници, без разлика на нивните индивидуални потреби.
Извор: tumagazin.rs