Народната банка на Чешка разгледува можноста да вклучи биткоини во вредност од неколку милијарди долари во своите резерви, изјави гувернерот на централната банка, Алеш Михл. Ова би бил прв ваков потег на некоја западна централна банка.
Според неговите зборови, оваа идеја се анализира и сè уште не е донесена конечна одлука. Централните банки традиционално ги чуваат девизните резерви во поконзервативни типови средства, а многу од нив во изминатите години предупредуваа на ризиците од користење криптовалути во јавните фондови.
Михл ќе ја претстави оваа идеја пред седумчлениот совет на гувернери. Доколку советот го одобри предлогот, Чешката народна банка би можела да држи најмногу пет отсто од резервите во биткоин, што изнесува околу 140 милијарди евра.
Извор: biznis.kurir.rs