Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,54%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 16.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,317 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.04.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 30,037 ден/кг.
skopjeinfo.mk