![Милиони Италијанци за Денот на вљубените ќе потрошат 330 милиони евра](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/6f/842702f6-resize-820x0x100.jpg)
Повеќе од шест милиони Италијанци ќе го прослават Денот на вљубените во некои од 133.000 ресторани низ земјата, покажува проценката на Италијанската федерација за јавни услуги (FIPE).
Според пресметките на овој ден ќе се потрошат околу 330 милиони евра за свечени ручеци и вечери. Покрај традиционалните подароци, како чоколади и цвеќе, паровите сè почесто избираат прослава во ресторани, каде што угостителите нудат специјални менија со остриги, кавијар, вина и десерти инспирирани од овој празник.
Покрај ова дополнителни трошоци се очекуваат поскапување и на чоколадата до 20%, што е резултат на растот на цената на какаото, која во декември достигна рекордни 12.646 долари по тон.
Лошите временски услови во Западна Африка, главниот регион за производство на какао, дополнително ја влошија состојбата на пазарот, а цената на чоколадата во последните две години порасна за повеќе од 167%.
Извор: racin.mk