![Вселенската компанија на Џеф Безос ќе отпушти околу 14.000 луѓе](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/60/08b5cc06-resize-820x0x100.jpg)
Извршниот директор на вселенската компанија Блу Ориџин, Дејв Лимп, најави отпуштање на околу 10 отсто од целиот персонал на компанијата, што е околу 1.400 вработени од речиси 14.000.
Одлуката доаѓа додека компанијата на милијардерот Џеф Безос се обидува да го зголеми производството на својата гигантска ракета Њу Глен, објави Ројтерс.
Ракетата го имаше своето прво долгоочекувано деби-лансирање минатиот месец.
Лимп истакна дека причината за намалувањето на бројот на вработени е „сеопфатното прилагодување на компанијата кон новонастанатата ситуација“.
Штотуку дојдовме до болен заклучок дека не сме подготвени за успехот што го посакувавме“, им рекол извршниот директор на вработените при објавувањето на отпуштањата.