![Еве колкава е просечната плата во Германија за 2025 година](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/3a/fcad56a3-resize-820x0x100.jpg)
Во Германија, платите значително се разликуваат од професија до професија. Но, колку се заработува во просек? Веќе има прелиминарна проценка на платата за 2025 година.
Според германските медиуми, 2025 година започна позитивно за луѓето со ниски примања. Од почетокот на годината многумина имаат повисоки саатници. Сепак, и другите работници ќе добијат повисоки нето плати во 2025 година. Како тоа влијае на приходите на Германците?
Иако нема ни два месеци во годината, просечниот приход на Германците за 2025 година е веќе достапен. Ова го соопшти германското пензиско осигурување. Сепак, утврдената бројка е прелиминарна вредност. Според тоа, Германците во просек заработуваат по 50.493 евра годишно, пренесува магазинот „Феникс“.
Тоа би било 4.207,75 евра месечно. Нешто помала била однапред пресметаната плата за 2024 година. Според податоците на германското пензиско осигурување, Германците лани заработиле во просек по 45.358 евра. Како и кај приходите за 2025 година, тоа е бруто платата на која се плаќа данок.
Тоа што таква вредност постои на почетокот на годината е поврзано со пензискиот систем. Во Германија, за пресметување на месечната пензија се потребни поени за заработка – исто така познати како пензиски поени. Тие зависат од просечната плата. За да се утврдат пензиските поени за одредена година, неопходно е да се класифицира приходот.
Платформата Кунуну, која им овозможува на компаниите и работодавачите да се оценуваат, ги процени платите во Германија според неколку категории.
Според овие податоци, во просек најмногу заработуваат контролорите на летање. Нивната годишна плата е речиси двојно поголема од просечната.
Според податоците на Кунуну, Хесе е на врвот по просечни плати, а потоа следат Хамбург и Баварија.
Извор: nezavisen.mk