![Неизвесна е туристичката сезона на Санторини](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/79/d9a80097-resize-820x0x100.jpg)
На Санторини од 26 јануари годинава се регистрирани повеќе од 15.000 земјотреси, а нивните епицентри се наоѓаат во близина, под морето, од кои најсилните биле над пет степени, а сеизмолозите претпоставуваат дека е можен земјотрес со јачина од шест степени.
Додека повеќе од 12.000 од вкупно 15.000 жители го напуштиле Санторини, расте стравот за туризмот, кој е главен извор на приход за тој остров со повеќе од три милиони гости годишно.
Февруари е неофицијален почеток на туристичката сезона на тој остров, бидејќи почнуваат да пристигнуваат бродови за крстарење и започнуваат подготовките за за Велигден кога е првиот наплив на странци во текот на годината.
Додека некои угостители сè уште работат, досега е откажано пристигнувањето само на еден брод за крстарење, но има и помалку резервации за сместување, изјави за Би-Би-Си Андонис Пагонис, претседател на Здружението на грчките хотелиери. Санторини во голема мера се потпира на сезонски работници од другите делови на Грција и од странство, а сè уште не се знае колку ќе дојдат.
Покрај тоа, овој период од годината е време за градежни работи и годишно реновирање на хотелите, но сето тоа престана поради загриженоста за безбедноста од земјотресот.
Додека грчките власти брзо реагираа на опасностите од земјотресот со испраќање спасувачки и евакуациски тимови и воведување вонредна состојба за забрзување на помошта, локалното население бара и инвестиции во инфраструктурата на островот каде има мали, но значителни штети, а една од главните работи е побарувачката за изградба на ново пристаниште.
Санторини на Грција и носи 2,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП) – 5,9 милијарди евра годишно.
Неодамна забележаните промени во вулканот на грчкиот остров Санторини, една од главните туристички атракции во светот, се резултат на тековните земјотреси на архипелагот Киклади, изјави професорот по геологија Танасис Ганас, директор на Националната опсерваторија во Атина.
Атинската РТВ СКАИ објави дека во споредба со мерењата пред шест месеци, во август 2024 година, кратерот на вулканот се зголемил за четири сантиметри и се проширил за шест сантиметри на исток и запад.
„Не можам да кажам дека е алармантно, но тоа е важна промена и треба да ја следиме“, рече Ганас.
Овие промени, објасни тој, се резултат на издигнувањето на магмата од длабочината на Земјата до комората на магмата, која се наоѓа три километри под кратерот на вулканот Санторини. Првичните мерења покажуваат дека магмата е зголемена за пет милиони кубни метри, додека во последната криза со вулканска активност во 2011-2012 година, таа се зголемила три пати повеќе – 15 милиони кубни метри, така што мора да продолжат набљудувањата за да се види како тоа ќе се развива.
На Санторини се регистрирани повеќе од 15.000 земјотреси, а нивните епицентри се наоѓаат во близина, под морето, од кои најсилните биле над пет степени, а сеизмолозите претпоставуваат дека е можен земјотрес со јачина од шест степени.
Додека повеќе од 12.000 од вкупно 15.000 жители го напуштиле Санторини, расте стравот за туризмот, кој е главен извор на приход за тој остров со повеќе од три милиони гости годишно.
Февруари е неофицијален почеток на туристичката сезона на тој остров, бидејќи почнуваат да пристигнуваат бродови за крстарење и започнуваат подготовките за првиот наплив на странци во текот на годината, за Велигден.
Додека некои угостители сè уште работат, досега е откажано пристигнувањето само на еден брод за крстарење, но има и помалку резервации за сместување, изјави за Би-Би-Си Андонис Пагонис, претседател на Здружението на грчките хотелиери.
Санторини во голема мера се потпира на сезонски работници од другите делови на Грција и од странство, а сè уште не се знае колку ќе дојдат.
Покрај тоа, овој период од годината е време за градежни работи и годишно реновирање на хотелот, но сето тоа престана поради загриженоста за безбедноста од земјотресот.
Додека грчките власти брзо реагираа на опасностите од земјотресот со испраќање спасувачки и евакуациски тимови и воведување вонредна состојба за забрзување на помошта, локалното население бара и инвестиции во инфраструктурата на островот каде има мали, но значителни штети, а една од главните работи е побарувачката за изградба на ново пристаниште.
Санторини на Грција и носи 2,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП) – 5,9 милијарди евра годишно.