Првиот ден на работа на докторката и поминал со полна амбуланта постари пациенти, кои сакале да им измери притисок, да им препише таблети за простата или едноставно да ја запознаат новата докторка.
Гратчето Суќурај на хрватскиот остров Хвар од понеделникот има лекар, Македонката Дивна Војновска која се јави на конкурсот, кој беше отворен ова лето и досега никој не се јавуваше на него, без оглед на тоа што освен плата и сместување се нудеше и годишен бонус од 6 700 евра, потврди во понеделникот вечер директорот на Здравствениот центар на Сплитско-далматинската жупанија, Драгомир Петриц.
Како што рече директорот Петриц, локалната самоуправа сфатила дека веќе не е доволно да се обезбеди сместување на лекарот, па градоначалникот понуди дополнителен надоместок, што даде плод. Новата лекарка одработила дел од стажот кај нас, во Македонија, а во Хрватска требаше да полага шест дополнителни испити, кои ги положи, што е задолжително за да ѝ се признае странската диплома.
„Првпат во историјата на нашиот Здравствен дом доаѓа да работи некој кој не е од Хрватска. Колешката ги исполни сите услови на конкурсот, таа ги положи сите испити, ги доби сите документи, и денес е нејзиниот прв работен ден. Конечно во Суќурај пациентите ќе имаат свој постојан лекар”, рече директорот Петриц.
Првиот ден на работа на докторката и поминал со полна амбуланта постари пациенти, кои сакале да им измери притисок, да им препише таблети за простата или едноставно да ја запознаат новата докторка.
Лекарката ќе се грижи за 300 пациенти, а пред тоа три лекари од Јелса патувале секојдневно и се менувале во амбулантата во Суќурај.