
Во новиот систем, кој треба да стартува од мај, се наведува дека данокот го плаќаат сите граѓани, освен оние помлади од 18 и над 70 години, а има и некои патници кои нема да можат да влезат во ЕУ.
„Иако се проценува дека над 95 отсто од луѓето нема да имаат проблем, доколку некој биде одбиен, тоа одбивање може да се однесува на луѓе кои претходно имале правен проблем во земјите на ЕУ“, изјави Александар Сеничиќ, директор на ЈУТЕ.
Во случај на патник да му биде одбиена дозвола за патување, ќе добијат мејл во кој ќе се објасни причината за одбивањето, а тој нагласи дека 95 проценти од луѓето нема да имаат проблем да добијат дозвола.
Сигурно е многу важно потоа да ја добијат причината за нивното одбивање, за да можат во иднина да ја поправат таа причина и непречено да престојуваат во земјите на ЕУ – изјави Сеничиќ.
Постојат неколку причини зошто вашето барање за овластување за патување ETIAS, кое ќе се применува од мај 2025 година, може да биде одбиено.
Патничките документи што ги користевте можеби се пријавени за изгубени или украдени.
Можеби сте прогласени за безбедносен ризик, потенцијален илегален имигрант или висок ризик од епидемија.
Не дадовте дополнителни информации или документација потребни за обработка на вашата апликација во дозволеното време или не присуствувавте на закажаното интервју.
Претходно ви беше забранет влез и престој во земја на ЕУ, а забележано е и предупредување.ѝ
Постојат разумни сомневања за веродостојноста на информациите што сте ги дале или изјавите и документите што сте ги понудиле.
ETIAS е кратенка за Европски систем за информации и овластување за патување. Целта на системот е да собира информации за патниците кои моментално патуваат без визи во Европската унија и да се осигури дека поединците кои претставуваат загриженост за безбедноста се идентификувани пред да им биде дозволено да патуваат во земјите на Шенген.