Во девет од десет случаи, кога вработениот вели дека сака да си оди за подобро платена работа, тоа не е вистина.
Зошто луѓето даваат отказ? Секако, постојат многу причини: пари, работното време, локацијата, недостатокот на интерес...
За Алисон МекМахон, експерт за човечки ресурси и директор на компанијата TwoFold, најголемата причина зошто вработените се откажуваат е затоа што се уморни од работа за лоши шефови.
Според неа, луѓето се подготвени да преминат преку одредени негативни страни на работното место се додека уживаат во тоа за кого работат.
Во девет од десет случаи, кога еден вработен вели дека си заминува поради подобро платена работа, тоа едноставно не е вистина. Вистината е премногу сурова и на голем дел од вработените им е неудобно да ја кажат, вели МекМахон.
На луѓето им треба лидер, а лошиот шеф е многу веројатно да е и лош водач. МекМахон нуди неколку предлози за оние кои сакаат да ги подобрат своите лидерски вештини, иако се чини дека овие работи се повеќе вродени квалитети, отколку нешто што може да се стекне.
Таа вели дека добриот шеф треба навистина да се грижи за своите луѓе.
МекМахон истакнува дека хроничен проблем на голем број организации е тоа што вработените со добри технички способности и без никакви лидерски вештини се поставуваат на раководни позиции.
Нејзината препорака е компаниите да внимаваат на процесот на промовирање и да обезбедат правилна транзиција на секој вработен.