
Тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, ќе биде отворен за сообраќај на 14 март, со што од граничниот премин „Блато“ кај Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час.
Тунелот е долг 3,78 километри и има два дела – за редовен сообраќај и за итни случаи. Со неговото пуштање, целиот автопат од 74 километри ќе биде достапен, значително скратувајќи го патувањето, кое претходно изнесувало над 180 километри.
Тунелот Муриз започна да се отвора во мај 2019 година, но работите одеа многу побавно од предвиденото, поради тешката геологија и лизгањето на земјиштето. Тој е со должина од 3,78 километри со два дела, за редовен сообраќај и за итни случаи. Севкупно, автопатот има 7 тунели, со вкупна должина од 8,5 километри, како и 4 моста, едниот од нив, со 158 метри е највисок на Балканот.
Автопатот за сообраќај беше пуштен на крајот од ноември 2021 година, од кога во контиунитет се зголемува фреквенцијата на патници на преминот „Блато“. Така, минатата година, според македонското МВР, на влез и излез регистрани 834.345 патници, од нив странски 672.062 и 162.283 македонски државјани. Споредено со претходната година бројот е поголем за 120.086 патници.
Автопатот „Патот на Арбр“ ќе стане клучна врска меѓу Тирана и Македонија, олеснувајќи го движењето на граѓаните и поттикнувајќи економски развој и туризам.
Целата вест прочитајте ја на: telma.com.mk