
Во oва рангирање на „Фридом Хаус“ две земји добиле статус на слободни - Сенегал и Бутан
Минатата година состојбата со слободата во Македонија се влошила, а авторитаризмот се засилил, покажува новиот годишен извештај на невладината организација „Фридом хаус“, која ја следи состојбата на демократијата ширум светот. Како и минатата година, Македонија има 67 од 100 поени и е рангирана како делумно слободна земја.
Во oва рангирање на „Фридом хаус“ две земји добија статус на слободни: Сенегал и Бутан. Во извештајот се забележуваат и случаи на значително подобрување во регионот на Јужна Азија.
„Фридом хаус“ е непрофитна организација финансирана од американската влада, со седиште во Вашингтон и ја оценува состојбата на слободата во секоја земја. Во зависност од тоа колку поени добива една земја, таа се вбројува во три категории: слободни земји, делумно слободни и неслободни.