
Цените на фериботите во Грција од 1 мај ќе се зголемат за 12 до 15 отсто, се вели во соопштението на Грчката асоцијација на компании за превоз на патници (SEEN).
Говорејќи за локалните медиуми, претседателот на SEEN, Дионисис Теодоратос, објасни дека зголемувањето на цените за билетите за траект во Грција е поврзано со новите регулативи на Европската унија за поморско гориво. Тој додаде дека здружението истражува алтернативни решенија за да го минимизира влијанието врз патниците.