
Републичкиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) на Србија исплаќа пензии и надоместоци за други права од пензиско и инвалидско осигурување на околу 64.500 корисници во странство, од кои најголемиот број, над 50.000, живеат во земјите-членки на поранешна СФРЈ.
Според последните податоци, Србија има околу 1,65 милиони пензионери. Покрај нив има и лица на кои им се исплаќаат пензии според меѓународни договори. Овие договори, во рамките на административната и правната помош, обезбедуваат осигуреникот да поднесе барање до носителот на осигурување на чија територија има постојано живеалиште или привремен престој.
Гледајќи го регионот, пензионерите од Босна и Херцеговина, Бугарија, Унгарија, Романија, Македонија, Црна Гора, Грција и Хрватска имаат право на пензија во Србија.
Од регионот, пензии добиваат 50.948 корисници и тоа од Република Српска 13.143, Хрватска 12.732, Федерацијата Босна и Херцеговина 8.956, Црна Гора 6.964, Македонија 5.921 и Словенија 3.215 корисници.
Извор: faktor.mk