
Министерството за одбрана распиша јавен оглас бр. 32/2025 за прием на 300 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија. Вработувањето е на четири години со можност за продолжување до 45-годишна возраст.
Кандидатите за прием на професионални војници на служба во Армијата од точка 1 на овој оглас треба да ги исполнуваат следните услови:
Општи услови:
– да се државјани на Република Северна Македонија;
– да се полнолетни и
– да имаат посебна здравствена и физичка способност.
Посебни услови:
– да имаат завршено средно образование;
– да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.
Работното време е од 08:00 часот до 16:00 часот. Платата изнесува од 30,552,00 денари па нагоре, со дополнителни над 12.000,00 денари за надоместокот на трошоци за станбено обезбедување.
При пријавувањето на јавен оглас, кандидатите треба да ги приложат следните документи и податоци:
– Пријава за кандидати за професионални војници на служба во Армијата (образецот е достапен на интернет страницата на Министерството и во Одделенијата за одбрана);
– Своерачно пополнет Прашалник со изјава за морална, материјална и кривична одговорност за точноста на дадените податоци (образецот е достапен на интернет страницата на Министерството и во Одделенијата за одбрана);
– Фотокопија од документ за лична идентификација (лична карта или патна исправа);
– Диплома за завршено средно училиште (оригинал или копија заведена на нотар);
– Потврда издадена од матичен лекар за општа здравствена способност за лица кои се здравствено осигурани, а кој податок се должни да го наведат во пријавата за пријавување на кандидати за професионални војници на служба во Армијата;
Кандидатите за професионални војници на јавниот оглас може да се пријават преку електронска пошта во Министерството за одбрана javenoglaspfv@mod.gov.mk со пополнување на образецот Пријава за кандидати за професионални војници на служба во Армијата. Пријавата може да се превземе од интернет страната на Министерството за одбрана www.mod.gov.mk.
Кандидатите за професионални војници на јавниот оглас може да се пријават и во Одделенијата за одбрана на Министерството за одбрана во или блиску до местото на живеење.
Кандидатите кои аплицирале на претходните огласи за прием на професионални војници, но не биле избрани и не ги подигнале документите од Одделението за одбрана во местото на живеење, доколку имаат интерес за повторно аплицирање согласно условите во точка 2 од огласот, потребно е да достават само пријава и потврда од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност.
Воедно, Министерството за одбрана ги повикува и охрабрува девојките и жените кои ги исполнуваат условите да се пријават на јавниот оглас за прием на професионални војници во Армијата на Република Северна Македонија.
Огласот трае 15 дена од денот на објавување.
Целиот оглас може да го погледнете ТУКА.