Станува збор за минијатурна мапа на светот, уникатна атракција чии „континенти“ се вештачки острови на езерото Клејтруп во североисточна Данска.
Оваа необична карта на светот широка е само 45 метри а долга 90 метри, што ја прави помала од едно фудбалско игралиште.
Со други зборови, 27 сантиметри на оваа необична мапа претставуваат 111 километри во реалниот свет.
„Паркот на картата на светот“, или „Верденскортет“, го изгради Сорен Поулсен, на семејно земјиште покрај езеро. За овој „светски“ проект на Поулсен, требале повеќе од 25 години. Идејата за да почне да го гради уште во 1944 година и била случајна, пишува Pun kufer.
Додека работел на одводнување на езерото, забележал карпа која го потсетила на полуостровот Јитланд во Данска. Така тој го започна својот голем проект, а сè на неговата необична светска мапа е направено од камења од самото езеро. Светската карта на Поулсен е со размер, а тој не ги запоставил „деталите“ како реките и морските премини.
Верденскортет им овозможува на своите посетители да шетаат низ светот, скокајќи од континент до континент и пловејќи по „Тихиот океан“.
Картата содржи и политичка димензија, што значи дека сите земји во светот се означени со нивните знамиња.
Извор: Редакција ТРН
