Финска важи за најсреќна земја во светот, но поради старосната возраст на населението, владата е принудена да пронајде нови жители кои ќе помогнат да се исплаќаат пензиите на сè поголемиот број пензионери.
Уредувањето на пазарот на трудот веројатно ќе биде главното прашање на парламентарните избори во Финска, закажани за 14 април. Новата влада ќе мора да пронајде начин да го подигне степенот на вработени на 75 проценти до 2023 година, а потоа и на 80 проценти, пренесува Bloomberg.
Моментално вработени се 72 проценти од работоспособните Финци. Потребни се 150.000 нови работници за да се одржи системот на социјална помош во земјата.
„Финансирањето на нордискиот модел на благосостојба, кој нè прави најсреќна земја во светот со неверојатно висок животен стандард, зависи од степенот на вработеност“, вели Аки Кангашарју, главен економски експерт во Нордиската банка. Тој смета дека Финска мора да обезбеди секој кој може да работи да биде вработен.
Решението го гледа во подлабоки реформи на пазарот на трудот со кои би се зголемил бројот на работни места. Освен тоа, тој решение гледа и во мерките за штедење, особено во намалување на трошоците во јавниот сектор. Но, од друга страна, тоа може да донесе поголеми трошоци за невработените, за кои државата одделува парична помош.
извор: kajgana.com