Општата регулатива за заштита на личните податоци од Европска Унија (GDPR) воведува нова професија: Офицер за Заштита на Лични податоци. Доколку компаниите согласно Законот немаат назначено офицер, следат казни од органот за заштита на лични податоци. Во дополнување казните пак за непочитување на регулативата се ригорозни и изнесуваат 2% или 4% од годишниот приход, во зависност од прекршокот.
Кој се е должен да назначи Офицер?
Државни органи, приватни компании и сите субјекти кои обработуваат лични податоци во поголем обем се должни да имаат назначено одговорно лице – офицер за заштита на лични податоци.
Што прави Офицерот?
Да го информира и советува менаџментот во компаниите за потребата од усогласеност со GDPR и да држи обука на вработените, доделува одговорности за заштита на лични податоци, прави подготовка на персонал за ревизија на лични податоци, проценува ризик од различни операции со податоци.
Што се е потребно за да се биде Офицер за Заштита на податоци?
Не секогаш видот на образование одредува кој да биде офицер, меѓутоа од него се бара да има доволно стручно и експертско знаење од областа на GDPR за да може да ја исполнува својата функција. Истиот може да биде правник, економист, IT специјалист или да доаѓа од било која друга област, но суштински е важно истиот да се стекнал со напредни знаења, а по можност да е сертифициран за примена на GDPR.
Кои се одговорностите и задачите на еден Офицер?
- Да обезбеди совети кога се бара применување на GDPR регулативата;
- Да соработува со органот за заштита на лични податоци;
- Да дејствува како контакт точка за надзорниот орган во врска со прашања поврзани со обработка и консултација, кога е соодветно според GDPR регулативата;
- Офицерот за заштита на личните податоци е обврзан со тајност или доверливост во врска со извршувањето на неговите задачи, во согласност со законите на ЕУ;
- Офицерот за заштита на лични податоци може да извршува и други работни задачи се додека не резултираат во судир на интереси.
Кој се може да биде Офицер?
Офицер може да се назначи од редот на вработените од компанијата или институцијата, но GDPR дозволува ангажирање на лице надвор од компанијата со договор.
Како да станете Офицер?
Пријавете се за IAPP Официјален тренинг и меѓународно признат сертификат на 078 439 541 или на contact@certiadria.com.