На денешната прес-конференција на Економско-социјалниот совет беше најавена новата мерка за раст на платите во Македонија.
Имено, станува збор за директна финансиска поддршка од 30 отсто од растот на бруто платите на работниците во трудоинтензивните дејности.
Одтаму соопштија дека моментално условите за мерката ги исполнуваат 15.000 компании и 50.000 работници.
Целта на мерката е да се иницира пораст на платите и граѓаните да имаат повеќе пари на располагање.