Управата за јавни приходи ја објави Листа на должници бр.02/2019 за долгови доспеани до 31.10.2018 и неплатени до 31.01.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На листата се наоѓаат должници за кои вкупниот износ на долгот е:
1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност
2. повисок од 300.000 денари за правните лица
На Листата на должници бр.2/2019 објавени се 2.196 должници – правни лица (повеќе за 62 од претходната листа) и 2.427 физички лица (повеќе за 31 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.2/2019 изнесува 9.958.252.401 денари, помалку за 163.761.186 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.929.026.709 денари (помалку за 43.237.747 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 29.225.692 денари (пoмалку за 120.523.439 денари од претходната листа).
Целосната листа на должници бр.02/2019 можете да ја погледнете на официјалниот сајт на УЈП.