Корисниците на Skype ќе имаат можност при водење на видео разговор да им биде заматена позадината, за да не се грижат тоа што е зад нив додека го водат разговорот, пренесува The Verge.
Оваа опција досега беше достапна во деловната апликација Microsoft Teams. Оваа апликација е достапна на сите корисници кои сакаат да ги водат видео разговорите без грижи околу тоа што се појавува кај соговорникот, освен самиот корисник.
Замаглената позадина се вклучува со едноставно “копче“ на екранот и постои опција да се вклучи или исклучи за време на видео разговорот.
Microsoft за препознавање на субјектот што мора да остане во фокус и позадината што треба да се замагли, користи алгоритми на вештачка интелигенција. Тие препознаваат човечки облик: глава, коса, раце и тело, па би требало во поголем број случаи на соодветен начин да ја замагли позадината.