Работодавачите треба да разберат дека на вработените им треба повеќе од само добра плата која можат да ја добијат и на друго место.
Компаниите и малите бизниси ширум светот се повеќе се фокусираат на задоволството на вработените. Инклузивните компании кои ги вклучуваат своите вработени во повеќе активности, не само што го зголемуваат нивното задоволство, туку расте и добивката на компанијата.
Според голем број истражувања, постојат неколку работи на кои работодавците мора да обрнат внимание.
Препознавање на индивидуата
Вработениот е повеќе од само некој кој работи во компанијата. Тој може да поминува долги часови патувајќи од и до работа или можеби мора да се справува со други одговорности кога ќе стигне дома. Доколку работодавачот му овозможи на вработениот одредена флексибилност тој ќе создаде среќен работник посветен на неговата улога во компанијата. Малите надоместоци што еден работодавач (ќе) ги (на) прави за својот вработен се враќаат во вид на подобрена продуктивност.
Давање поддршка
Вработените треба да се чувствуваат ценети, почитувани и да им биде ставено до знаење дека нивните придонеси кон компанијата се значајни. На овој начин кај работникот се развива чувство на самодоверба и сигурност во својата позиција во компанијата. Сето тоа резултира со подобро извршување на работните обврски.
Признавање на успесите
Како продолжување на тоа погоре треба да се знае дека кога еден вработен постигнува пресвртница за компанијата, неовисно дали станува збор за мала или голема, признавањето на успехот е од голема работа. Секој сака да се чувствува ценет за своите напори, а тоа влијае кон креирање на вреден и посветен работник.
Споделување информации
Кога ќе дојде време за нов проект во компанијата, потребно е работодавачот да ги сподели сите витални информации со своите вработени. Откако вработените јасно ќе имаат на знаење што ќе се очекува од нив тие ќе работат подобро. Можноста да се биде вклучен не само во проектите, туку и во успесите на компанијата прават многу за задоволството на вработените, нивната продуктивност и темелноста во работењето.
Помош при справување со ситуации
Преку нудење помош на вработените кога тие се справуваат со непријатни ситуации се праќа порака дека компанијата се грижи за своите вработени и дека константно ги поддржува. Како резултат на тоа, задоволните работници ќе знаат дека секогаш ќе можат да се потпрат на својот работодавач.