Идејата за Areyouhiding.de платформата произлегува од пет годишното искуство во регрутирање и посредување при вработување на сестринската агенција Medingtech.com која е специјализирана за посредување при вработување на медицинари. Medingtech е агенција за вработување со седиште во Старнберг, Германија, во изминатите пет години се позицинираше како лојален, доверлив и пред се безбеден партнер при вработување во Германија. Позади Medingtech стои огромно искуство во работа со луѓе кои доаѓаат од просторите на поранешна Југославија.
И двете сестрински агенции Areyouhiding.de и Medingtech.com се лиценцирани и со дозвола за работа издадени владата на Германија. Сето ова е гаранција за сите оние кои се заинтересирани за работа во Германија и секаде низ светот дека станува збор за легален и доверлив начин за потрага по работата од соништата.
Целта на Areyouhiding.de платформата е да им овозможи на кандидатите да пронајдат работа било каде во светот, работа која е во согласност со нивните професионални квалификации, работа која ќе ги мотивира и која ќе им овозможи да заработат за својот труд и знаење. Истовремено целта е и на работодавачите да им овозможиме пристап до база на податоци од каде ќе можат да го изберат најдоброто за нив во дадениот момент, да бидат конкуренти и . Едноставно Areyouhiding.de платформата е место за вкрстување на понудата и побарувачката на пазарот на труд на глобално ниво.
Токму оттука Areyouhiding.de со цел покривање на што поголема територија има партнерски институции и агенции од целиот свет, основната цел е да се понудат што е можно повеќе работни места од сите професии и области. Што е тоа што треба да го направат сите оние кои бараат работа? Постапката е едностсвна, секој заинтересиран треба да се регистрира на Areyouhiding.de платофрмата да си отвори свој профил, и што е можно подетелано да го пополни својот профил. Едноставно, колку повеќе детали содржи профилот на секој заинтересиран (за неговото / нејзиното образование, квалификации и професионално искуство) дотолку поголеми се можностите за пронаоѓање на подобро вработување. Дијапазонот на можности Areyouhiding.de платформата е огромен, регистрирани се над 1400 професии и занимања.
Со цел да се претстават двете сестриснки платформи Areyouhiding.de и Medingtech.com во Македонија, овие две компании организраат отворени денови кои ќе се случат на 21 и 22 феврари во хотелот Русија во Скопје. Тоа ќебидат отворени денови и секој заинтересиран е добредојден, да дојде да се запознае со платформата, но и да поразговара со потенцијални работодавачи. Имено Areyouhiding.de и Medingtech.com во моментот се во потрага од околу 100тина медицинари од различни специјалности и нивоа за многу медицински центри низ Германија и Швајцарија.
Според сопственикот на Areyouhiding.de и Medingtech.com г-нот Елвирс Делич отворените денови во Скопје се реализација на одамна подготвуваното за проширување на полето на делување на територијата на поранешна Југославија. Според него во изминатите 5 години работејќи во овој сектор за посредување при вработување но и самиот искусувајќи ја таа приказна да се одлучи да ја напушти својата држава во борба и со цел да се обезнеди подобро утре за себе и своето семејство. Свесен за сите пречки и предизвици со кои се соочуваат луѓето при преместување и пронаоѓање на работа во странство, но пред се и за многуте лоши искуства со разно разни мешетари и посредници кои работат на црно, одлучил да понуди услуга која е пред се лиценцирана со дозвола за работа од германската влада. Целиот овој кредибилитет и одговорност на Areyouhiding.de и Medingtech.com пред германските власти се гаранат за квалитетот и сериозноста на сестринските агенции за посредување при вработување.
Пораката на г-нот Елвирс Делич за отворените денови во Скопје е дека очекува обава енергија, убави средби за презнтацијата на Areyouhiding.de и Medingtech.com но и селекција на потенцијални вработени и средби со работодавачи. Отворните денови ќе се реализраат на 21 и 22 февруари во хотелот Русија во Скопје, програмата е:
- 21 февруари од 17 до 20 часот презентација на проектот и кафе дружење со посетителите;
- 22 февруари од 12 до 16 часот разговори со работодавецот.
За сите подетални информации заинтересираните можат да ги посетат и профилите на социјалните мрежи:
https://www.facebook.com/areyouhiding/
https://www.facebook.com/medingtech/ (само за медицински персонал)
https://www.instagram.com/areyouhidingde/
https://www.linkedin.com/company/are-you-hiding/
https://www.youtube.com/channel/UC6cWuUfQL2XKxZ-fjljWo-g/featured