Локални врнежи од дожд во петок и значително намалување на температурите за 10 до 15 степени целзиусови од викендот, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во петок во текот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, попладне и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на студена воздушна маса од север, врнежите во сабота ќе преминат во снег и на некои пониски места.
За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен североисточен ветер особено во петок во текот на ноќта и во сабота кога на места ќе достигнува до 80 км/час. Температурата значително ќе опадне за 10 до 15 степени.