Од вселенската американска агенција НАСА велат дека се во потрага по луѓе со голема смисла на хумор, кои ќе имаат за задача да го покренат моралот на астронаутите во вселената.
Од НАСА велат дека астронаутите се традиционално сериозни и разумни луѓе на кои може да им се довери опрема вредна од милијарда долари. Но, за мисијата на Марс да биде успешна, во неа треба да учествува и еден човек со голема смисла за хумор.
Улогата на кловн ќе биде тестирана во симулационите мисии на НАСА во вселенскиот центар во Хјустон во Тексас.
„Групата најдобро работи кога има некој кој може да ја преземе улогата на кловн“, изјавил Џефреј Џонсон, професор по антропологија на Универзитетот Флорида.
Овие лица ќе имаат за задача да ги држат сите астронаути заедно, да ги надминат разликите во моменти кога ќе се појават тензии на шатлите и да го поттикнат моралот.
„Луѓето сакаат кога околу нив има некој да ги насмее и расположи. Кога живеете долго со некого во ограничен простор, тензиите можат да се засилат. Од витално значење е некој да се потруди да ја направи состојбата и атмосферата, да можат сите да се согласуваат, за да можат на најдобар можен начин ја завршат својата работа, а тоа е да стигнат на одредената цел и место и безбедно се вратат назад“, изјавил Џонсон.
Но, да се биде духовит не е доволно за да се добие работата. Личноста исто така мора да биде и одличен научник и инженер, како и да биде во состојба да мине ригорозен режим на обука.
извор: mexpress.mk