Македонскиот исток ќе го добие првото училиште за пица мајстори. Основач е Зоран Јовановски од овој град. 26 годишното искуство во правење на пици, го мотивра, гастарбајтерот од Каменица да се реши на уникатен чекор. Да ги учи младите во вештините на овој пекарски занает…
Младите кај нас бараат работа. Занаетот пица мајстор е мошне редок кај нас, но ценет во стравство. Затоа, мојата идеја е да ги учам младите како да бидат квалитетни пица мајстори, со тоа што тука во македонска Каменица ќе отворам училиште за пица мајстори. Училиштето е под лиценцата на првата италијанска школа за пица мајстори, чиј ексклузивен носител на таа лиценца за Македонија сум јас, објасни Зоран Јовановски – пица мајстор
20 години Јовановски го печел занаетот за изработка на квалитетни пици во повеќе земји во Европа. За тоа што го научил добил и награди на повеќе интернационални натпревари во изработка на пица…
Македонија два пати ја преставував на светско првенство во Италија. Потем бев учесник на интернационални натпревари во Норвешка и Шведска. Носител сум на европската награда за најдобар пица мајстор за 2017 година од натпреварот во Шведска и освоив петто место во Шангај, Кина, информира Јовановски
Воден од сознанието дека овој занает високо се цени од европјаните, идејата и Македонија да има свои квалитетни пици мајстори кои ќе изработуваат автентична македонска пица дошла спонтано…
Ние во моето училиште ќе се обидеме да направиме стандардна автентична македонска пица,а учениците ќе ги добијат основните познавања во исработката на квалитетна пица. Со ова стекнато знаење, ќе можат со право да добијат работа во било која пицерија во странство,а ќе можат и да си отворат како школувани пици мајстори да отворат сопствена пицерија во Македонија или во странство, посочи Јовановски
Се е подготвено за старт на првото училиште за пица мајстори во Македонска Каменица. Идејата на основачот е, во блиска иднина, вакви училишта да отвори во Скопје и неколку градови од овој дел на Македонија, кои, засега не ги открива. За училиштето на пица мајсторот од Македонска Каменица, најмногу интерес покажале тинејџерите. Се чека 15 Февруари и првите ученици, идни пица мајстори.
Извор: televizijastar.com