DS Smith е компанија која вложува и се грижи за заштитата на животната средина. Тоа е во сржта на самиот бизнис.
Со цел да се поттикне поголема одговорност и свесност за важноста на животната средина, DS Smith изминатиот викенд ги покани децата на своите вработени да креираат цртежи на тема “Заштита на животната средина“.
Тимот на DS Smith имаше можност да ужива во прекрасната дружба исполнета со многу насмевки, возбуда, креативност и ентузијазам.
Најмалите уметници, создавајќи прекрасни цртежи, и овој пат покажаа дека креативноста кај нив не познава граници.
DS Smith се гордее на предизвикот којшто си го постави и целта која најмладите ја исполнија.
Сакате да станете дел од DS Smith?