Сигурно првото нешто што ќе ви падне на ум кога ќе помислите на прашањето "Што вработените сакаат од своите шефови?" е поголема плата. Секако дека на зголемување никој не би се пожалил, но резултатите од истражувањата биле спротивни од очекуваното.
Бројките покажале дека вработените сакаат нешто друго, а платата воопшто не ни била дел од листата. Едноставно прашање од типот "Како си?" или "Одлично сработена работа" е само мал дел од тоа што еден вработен би посакал да го слушне од својот претпоставен.
Бројните истражувања спороведени на оваа тема дадоа многу интересни статистики:
Искренот: 90% од вработените сакаат искреност од страна на нивниот шеф
Праведност: 89% сакаат нивниот газда да биде фер спрема нив
Доверба: повеќе од 86% сакаат да му веруваат на својот шеф и обратно
Почитување: 84% сакаат да бидат почитувани
Зависност: 81% сакаат да можат да сметаат на нивниот шеф кога тоа е потребно
Соработка: 77% сакаат да бидат дел од тимот на шефот. Тоа подразбира можност вработените да можат да дадат свои идеи во врска со важни проекти
Благодарност: 74% сакаат нивниот шеф да ги цени за работите што ги прават за фирмата
Одговорност: 74% сакаат нивниот газда да ги слуша и да ги разбира
Дали вие би додале нешто?