Едно истражување спроведено од Државниот Универзитет во Пенсилванија уште еднаш ги потврди огромните придобивки од работењето од дома.
Тоа може значително да ги намали оперативните трошоци и да го зголеми задоволството на вработените.
Еве пет причини поради кои компаниите треба да размислат за тоа да им дозволат на своите вработени да работат од дома:
Помалку потрошено време
Вработените кои работат од дома имаат поголема контрола над работната средина. Работата од дома може да ги елиминира главоболките и непријатностите кои настануваат при патување до работа, а вработените може да инвестираат повеќе време во вршење на активности поврзани со работата, без да губат време во патување.
Помалку конфликти на полето “работа / семејство“
Истражувачите открија еден изненадувачки факт: работата од дома не ги зголемува границите помеѓу работата и семејството. Напротив, таа ги намалува конфликтите кои обично се јавуваат помеѓу работата и семејниот живот. На овој начин, вработените имаат повеќе време да ги организираат своите деловни и приватни обврски.
Подобрени работни односи
Работењето од дома нема никакво влијание врз односите на работното место се додека одлуките на менаџментот се на место и нема никакви пречки во процесот на комуникација. Според студијата на Пен Стејт, токму вработените кои одржувале редовна комуникација со своите менаџери преку е-пошта или телефон покажуваат подобри резултати.
Поголема продуктивност
Самите менаџери ги оцениле своите подредени кои работат од дома како попродуктивни, во однос на тие што доаѓаат во канцеларија. Дополнително, работата од дома вклучува помалку време за патување до традиционалната канцелариска работа. Вработените стануваат продуктивни за многу кратко време бидејќи голем дел од времето потрошено за патување е пренаменето за организирање на денот.
Поголемо задоволство на вработените
Истражувачите на Пен Стејт откриваат и позитивна корелација помеѓу работата од дома и задоволството на вработените. Згора на тоа, вработените кои работат од дома имаат многу помали шанси да дадат отказ. Запомнете дека среќни вработени се вредни вработени.
Работата од дома е паметна бизнис стратегија и одржлива опција за повеќето организации. Доколку на вашите вработени им дозволите да работат од дома, вашата компанија ќе заштеди на трошоци, ќе биде попродуктивна и ќе го зголеми задоволството на вработените. Едноставно, таа гарантира победа за сите играчи кои се вклучени во играта.