Со првите обуки за моделирање на податоци и бизнис интелигенција и основи во Data Science, започнува со работа Data Masters академијата, првиот едукативен центар за Data Science во Македонија. Обуките ќе ги одржуваат искусни професионалци од областа со докажано интернацинално академско и професионално искуство.
Таргетот и за двете обуки се професионалци кои се заинтересирани во областа, со или без претходно IT искуство, основачи или менаџери на мали и средни претпријатија, како и студенти од техничките или бизнис факултетите од Македонија.
Целта на двете обуки е да ги доближат слушателите до основите на Data Science од две различни гледни точки, и тоа визуелизација, интеграција и манипулација со податоци од една страна и креирање и манипулација со модели за машинско учење од друга страна.
Обуката за моделирање на податоци и бизнис интелигенција има за цел да им помогне на слушателите да ги елиминираат многуте ексел документи кои досега ги користеле за бизнис анализа и истата да ја прават директно во една база на податоци и ќе ги обучи самите да креираат дашборди, и со тоа да ја минимизираат можноста за грешка во крајните резултати.
Основната обука за Data Science има за цел да ги обучи слушателите како со помош на машинско учење,кое воедно преставува и основа на се во Data Science, да ги добијат одговорите на правилно поставените бизнис прашања. Слушателите ќе се запознаат и со основите на Data Analytics, Machine Learning, Big Data и Artificial Intelligence, односно со главните столбови на Data Science. Фокусот на оваа обука ќе биде како со помош на најзастапениот јазик за машинско учење, Python, да се идентификуваат, вчитаат и анализираат вистинските податоци, како се справува со „валкани податоци“, како преку податоците да ги откриете соодветните модели и како да ги интерпретирате резултатите пред клиентот. На крај на обуката слушателите ќе бидат способни да::
- Анализирате податоци
- Направат поделба на едно податочно множество (test, train & validation множество)
- Подготват податоци на начин на кој моделот ги разбира
- Тренираат модели (класификација и регресија)
- Направат feature importance за секој од моделите
- Анализа на моделот и негово оптимизирање
- Презентираат резултати пред крајниот клиент
Визијата на Data Masters, со започнувањето на оваа академија и првиот сет на курсеви е да се популаризира најсперспективната ИТ област во моментов во светот. Нашата цел е во прво време преку 5 неделни курсеви, а понатаму и преку полу-годишни и годишни академии да воспоставиме нови стандарди во Македонија и да обучиме генерации на консултанти кои ќе отворат една нова страница во ИТ сферата. Со ваквиот чекор, сакаме на светот да му го потенцираме сериозниот умствен потенцијал кој што го имаат професионалците во Македонија, да го намалиме одливот на таленти, а дополнително и да му помогнеме на бизнис секторот да биде покомпетитивен на европско и светско ниво - изјави Мартина Наумовска, Data Scientist и предавач на курсевите.
Доколку сте заинтересирани и сакате да присуствувате на обуката пријавете се тука.