Многумина ќе ве советуваат дека за зголемување на WiFi сигналот треба да научите да хакнувате или барем да го поврзете рутерот со лименка пиво или цедалка за супа, но вистината е дека повеќето трикови кои ги наоѓате на интернет се ЛАГА.
Единственото нешто што можете да го направите за забрзување на интернетот е да најдете соодветно место за рутерот.
Каде да се смести рутерот?
Пробајте да одредите централно место во вашиот дом. Не се потпирајте на тоа колкав е просторот на одалеченост на рутерот од вашиот компјутер или модем, вреди да се купи подолг кабел и да се провлече до местото каде што е потребно - доколку тоа значи дека ќе имате подобар сигнал.
Избегнувајте препреки
Радио брановите кои патуваат низ ѕидовите, така што колку е подебел ѕидот толку послаб ќе е сигналот. Доколку вашиот дом е граден од цигли или бетонски плочи, сигналот ќе биде многу слаб. Исто така, ако сигналот поминува низ аквариум со риби - ќе биде значително ослабен. Тоа важи и за металот и огледалата, па затоа не се препорачува рутерот да го чувате зад телевизорот или бањата.
Избегнувајте ја кујната
Најголемиот непријател на интернет сигналот е микробрановата, бидејќи таа и рутерот функционираат на иста фрекфенција на електромагнетното поле, па нејзините бранови ќе се мешаат со интернетот. Исто така, за слаба интернет врска причинители се и металните уреди- шпорет, фрижидер и останати.