Пролетта веќе дојде, а со тоа и температурите почнуваат да стануваат многу непријатни. Дали го прегледавте вашиот автомобил? Многу е важно тоа да го направите во најбрзо време, а со следните пет совети ќе се погрижите вашето возила после ладната зима успешно да го дочека топлото лето.
После долгата зима сопствениците често не ги проверуваат своите автомобили и продолжуваат безгрижно да возат. Тоа не мора да биде грешка, но доколку во пролетта многу едноставно и кратко го проверите автомобилот можноста за ненадејни дефекти драстично се смалува.
Доволно е да се направи целосна контрола од браник, до заштитниците за кал и праговите до моторот. Многу е важно да ја проверите состојбата на автомобилот и да ги отстраните можните предизвикувачи на трошоци и да се осигурате дека возилото ќе нема проблеми на почетокот на потопло време.
Перење и полирање
Доброто перење е најважниот дел од овој попис. Во текот на зимските месеци на и од долната страна на автомобилот се акумулира многу нечистотија собрана со месеци од валканите патишта. Да не се заборави и солта која во текот на зимата се посипува на патиштата поради смалување на можноста за појава на мраз.
Големото акумулирање на маснотии и нечистотии, како и солта можат да предизвикаат оштетување на лакот, како и на металните делови на шасијата, а тоа секако никој не го сака. Затоа однадвор добро и темелно треба да се исчисти автомобилот, а посебно неговото подножје (перењето на подножјето го нудат некои автоматски перални).
Чистење на внатрешноста
Никој не сака да го помине зимскиот ден на ладно чистејќи ја внатрешноста на својот автомобил. После доаѓањето на потопло време одредете еден слободен ден за чистење на внатрешноста. Добро е да го фрлите сето ѓубре, хартиите и другите собрани работи кои се нашле во возилото во текот на зимата, а исто така и да ги исперете патосниците и да ги исчистите седиштата. Автомобилот не само што ќе изгледа почисто туку сè во него ќе изгледа посвежо и поудобно.
Проверете го притисокот во гумите
Ова е една од најважните работи во текот на пролетта. Како температурите во зима се спуштаат така се смалува и притисокот во гумите, па возачите инстиктивно ги пумпаат до пропишаната вредност. Со порастот на температурите, се зголемува и притисокот во гумите, па многу често ја надминува пропишаната вредност што и тоа како го смалува калитетот на возењето на автомобилот и ја зголемува потрошувачката.
Да се прегледаат бришачите
Поради ненадејни пролетни дождови добро е да се имаат добри бришачи, а доколку истите во текот на зимата се потрошиле или оштетиле ќе предизвикуваат проблеми штом почне да паѓа дожд. Затоа е добро со почетокот на пролетта да се провери состојбата и евентуалното напукнување на гумениот дел од бришачите и по потреба да се заменат.
Да се провери состојбата под „хаубата“
Задолжително треба да се прегледаат сите елементи под хаубата. Треба да се провери моторот за да бидете сигурни дека вашиот миленик беспрекорно ја „преживеал“ студената зима. Температурите често се спуштале и под нулата, па и под -10 степени, па затоа е добро да се провери состојбата на гумените црева и ремени бидејќи не смеат да бидат премногу крути или порошени. Ако тоа се случи веднаш треба да се посети сервис и по потреба да бидат заменети оштетените делови.
Исто така треба да се провери и течноста за ладење односно антифризит кој мора да биде довлно и уште поважно не смее да биде престар. Ако истиот антифриз го користите со години се препорачува да биде заменет бидејќи со текот на годините неговите добри својства се губат, а тој е клучен во спречувањето на прегрејување на моторот во топлите месеци.