Се карактеризира со неограничен број денови за одмор и се користи во се поголем број на глобални компании
Замислете работна средина во која самите ќе одредите колку време секоја година ќе поминете на одмор.
Еден таков одмор даваат се поголем број на американски работодавци, пренесува Jutarnji.hr
Facebook и Netflix помеѓу компаниите кои нудат неограничен годишен одмор
Според едно истражување на Метрополитен, кај новата генерација на вработени токму оваа бенефиција – неограничен одмор – се наведува како една од клучните елементи при изборот на работно место.
Токму затоа, Netflix, Facebook, LinkedIn и HubSpot се дел од компаниите кои воведоа неограничено времетрање на годишниот одмор.
Причината за оваа промена во бизнис моделот може да се препише на глобалните трендови во насока на воведување на пофлексибилни работни услови – можност за работа од дома, флексибилно работно време и релаксирана работна атмосфера. Сите овие придобивки се од огромно значење за милениумците – стои како заклучок во истражувањето.
Некои стравуваат да одат на одмор
Иако повеќето работодавци сомнително ја гледаат оваа промена, резултатите се изненадувачки. Имено, вработените во компаниите кои вовеле неограничен годишен одмор во просек искористуваат само 13 денови од годишниот одмор.
Кога воведовме систем на неограничен број денови за годишен одмор бројките не шокираа. Луѓето не го искористија овој модел за да земат повеќе денови, напротив, користеа многу помалку слободни денови, вели Хаје Јан Кампс, извршен директор на една стартап компанија.
Исто така, некои компании забележаа дека опцијата за користење на неограничено годишно отсуство кај дел од вработените предизвикува негативни ефекти. Со текот на времето, нивните вработени се плашат да земат одмор и почнале да користат се помалку и помалку слободни денови што имало негативен ефект врз нивната ефикасност.
Имајќи го ова на ум, секоја компанија треба, пред да воведе нов систем за годишни одмори, добро да размисли за позитивните и негативните последици врз својот бизнис.