Нашиот партнер MojPosao, водечкиот портал за вработување во Хрватска, седма година по ред ја организира најголемата HR конференција во Ровињ, HR Days 2019
Тимот на Вработување е дел од овие динамични два дена, богати со многу интересни содржини и споделени искуства на докажаните говорници, HR професионалци и експерти со богата практика, од Хрватска и светот.
Вистинско задоволство е да се слушнат нивните докажани техники, студии на случај, реалните искуства и најдобрите практики во менаџирањето со човечките ресурси.
Акцентот на денешниот прв ден од конференцијата беше ставен на недостатокот од работна сила со кој се соочува Хрватска и дефицитот во сите сектори, почнувајќи од медицината па се до туризмот и угостителството. Решение за овој проблем тие гледаат во увоз на работна сила.
Nathalie Lerotić Pavlik HR директорот на Infobip, најголемата хрватска IT компанија по број на вработени, која беше еден од говорниците на конференцијата, сподели дека годинава нивната компанија ќе „увезе“ 250 девелопери од странство, а ќе вработи и 250 IT инженери.
Хрватските работодавачи од овој сектор ги вработуваат студентите уште во првата година од нивните студии, за да го спречат одливот на мозоци во странство.
На листата реномирани предавачи на овогодинешната конференција се најде и Rohit Joshi, Group Head of Talent Acquisition за Coca-Cola Hellenic. Го очекуваме неговото предавање на тема Setting up your Talent Acquisition Team for Success.