Најголемиот малопродажен ланец во Хрватска оваа година одлучи да не работи за време на велигденските празници, а своите вработени освен со два слободни дена ќе ги награди со велигденски бонус од 700 куни (94 евра).
Во текот на вчерашниот ден, Конзум преку соопштение ги информира сите свои потрошувачи да купуваат во деновите пред Велигден бидејќи во недела и понеделник нема да работи ниту еден маркет.
Сите вработени на Конзум ќе можат да уживаат во празниците и времето поминато со своите најблиски.
Покрај оваа погодност за своите вработени, Управата на Конзум одлучи и да им исплати велигденски бонус во висина од 700 куни (94 евра).
Верувам дека овие одлуки се најдобриот показател за тоа колку ги цениме нашите вработени и нивниот придонес во постигнувањето на одличните деловни резултати, вели Славко Ледиќ, директор на Конзум.
Ги поттикнуваме и работодавците во Македонија да го следат овој пример!