Оваа информација е важна за возачите.
Сите гуми на страничната страна имаат бројки кои означуваат разни параметни за нејзините карактеристики, а најчесто, на крајот по овие цифри, стои една голема буква. Таа всушност ја означува „индекс брзината“ (speed rating), што е еден од најважните параметри кој треба да го имате во предвид при избор на пневматици.
Индексот брзина ја означува максималата брзина која гумата може да ја издржи при возење со дозволено оптеретување. Во случајот со буквата „V“, таа брзина е 240 километри на час. Колку е поголем овој индекс, толку гумите се поскапи бидејќи при прозизводство се користат посебни мешавини за да можат да издржат што поголема брзина.