Ако прашате некој директор за тоа дали во неговата компанија има политика за задржување на вработените и развивање на нивните способности, одговорот сигурно ќе биде позитивен, но дали е навистина така?
Повеќето од овие тврдења се вистинити, но само теоретски бидејќи праксата го покажува токму спротивното. Затоа, голем дел од работодавците кои “држат се под своја контрола“ треба да водат сметка за своето лидерство бидејќи е општо познато дека вработените не ги напуштаат своите компании, туку своите шефови.
Без оглед на работата и позицијата, вработените кои доброволно го напуштаат работното место го прават тоа поради неможноста да се поврзат со својот претпоставен.
Вработените кои чувствуваат дека се ценети сакаат да бидат предизвикувани, секогаш се подготвени да се надоградат (емоционално, интелектуално и финансиски), не размислуваат да си одат и работат многу попродуктивно.
Меѓутоа, ако во една од наведените области вработените престанат да бидат задоволни, многу веројатно е дека тие ќе одлучат да заминат.
Подолу се наведени пет причини зошто способните вработени може да ја напуштат компанијата:
Развиените компании ги усогласуваат своите корпоративни вредности со страста на вработените. Кога луѓето имаат страст за тоа што го работат, тие никогаш нема да размислуваат за да си заминат. Ако лидерот не успее да ја поттикне страста кај своите вработени, многу веројатно е тие да ја напуштат компанијата и да одат на некое друго место.
Лидерството не е дестинација, туку цел процес. Без разлика колку луѓето се способни и интелигентни, секогаш постои простор за раст, развој и напредок. Затоа, ако ја ограничите способноста за личен развој на вашите вработени, тие ќе одлучат да бараат нова работа каде што тоа нема да биде ограничено.
Способните луѓе имаат добри идеи, забелешки и мисли. Токму затоа, ако лидерот не е подготвен да ги ислуша, тоа ќе го направи некој друг кој знае повеќе да цени и да носи одлуки врз основа на нивните мислења.
Ветувањата кои останале само на зборови се безвредни, а ветувањата што се исполнети се непроценливи. Ако лидерот ја изневери довербата на своите вработени, треба да биде подготвен да ја плати највисоката цена. Имено, лидерите кои не се одговорни пред своите луѓе, со текот на времето ќе станат одговорни за грешките на своите вработени.
Мудрите лидери ја поттикнуваат креативноста и го поздравуваат размислувањето out of the box. Вистинските таленти се желни да покажат што навистина знаат и да пронаоѓаат начини за подобрување на работата на компанијата. Доколку лидерот не го земе тоа предвид, тие ќе го заменат за некој друг.
Разочарани сте од вашата работа? Над 400 активни огласи чекаат на вас!